Утрински Весник
Економија

Мизо: Ако една или две компании планираат да ја напуштат Македонија, не значи дека другите нема да се развиваат или да дојдат нови

20251111111010 big 730x400 35.webp.webp

Заради тоа што една или две компании планираат да ја напуштат државата не значи дека другите компании нема да се развиваат и понатаму или нема да дојдат нови компании кои преку Македонија ќе дојдат за европскиот пазар – истакна Виктор Мизо, управител на компанијата „Костал“ во одговор на новинарско прашање за коментар за заминување на две странски компании од државата.

Според Мизо, тоа се интерни одлуки на тие компании и затоа не може коментира кои се причините за нивното заминување.


-Од тоа што го имам прочитано тие прават некоја консолидација на своето портфолио на европскиот пазар и како што кажав европската индустрија е во стагнација, но ќе имаме победници, но и компании кои некогаш нема да успеат да се снајдат најдобро во она што се случува во автомобилската индустрија, Но, фактот што ние продолжуваме со инвестирање и одиме понатака значи дека ова е добра, успешна и правилна одлука што сме ја донеле како компанија за да се развиваме во Македонија – рече Мизо.

Додаде дека „Костал“ со дополнителни инвестиции од над 30 милиони евра идната година планира да го шири портфолиото како на клиентите, така и на производи.

-Сметаме дека она што беше план во изминатите години, некаде до 2027 година ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра и со тоа ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни, нови работни места во овие 200 плус вработени. Тука ќе има нормално работници кои ќе работат во производство, но технички лица кои ќе работат како инженери, но и луѓе во административни дејности-сето она што е поврзано со финансии, сом логистика, со квалитет. Така од таа страна навистина очекуваме овој развој да биде позитивна вест не само за регионот, Охридско-Струшкиот регион, туку и за целата државата, но истовремено ова да значи еден мотив како и други компании би можеле да се фокусираат и да ја користат Македонија во целиот свој процес на експанзија – истакна управителот на компанијата „Костал“, Виктор Мизо, по посетата на премиерот Христијан Мицкоси на оваа компанија.

Можете да прочитате

Нов инвестициски циклус во „Костал“ во 2026, ќе се инвестираат 30 милиони евра и ќе бидат отворени дополнителни 200 работни места

Македонско-швајцарски бизнис форум: Постојат можности за продлабочување на економските врски во производството, иновациите, услугите и технологијата

Мицкоски со најава за нови инвестиции и вработувања на „Костал”