Утрински Весник
Македонија

Митрески на средба со бугарскиот амбасадор: Да се промовираме позитивна реторика што може да придонесе за градење меѓусебна доверба

Thumbnail 46 585x390 1.jpg

Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска се сретна со Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија при што истакна дека позитивниот став за средби и посети е многу важно да продолжи во иднина, затоа што на тој начин се испраќаат пораки за спремност за отворен разговор и желба за унапредување на билатералните односи меѓу две соседски држави.Претседателот Митрески го поздрави формирањето на Парламентарна група за пријателство со Собранието на Република Северна Македонија во Народното Собрание на Бугарија. при што се очекува по завршување на парламентарниот избори во земјата и формирањето на Група за соработка во Собранието и тие да се состанат и да остварат позитивна соработка.

Амбасадорот Ангелов му честиташе на Митрески за неговиот избор за претседател на Собранието на Република Северна Македонија и му посака успешна работа. Истакна дека комуникацијата меѓу двете држави мора да продолжи со цел да се зацврсти меѓусебната соработка. Тој покажа интерес за тековните законски решенија кои во моментов се усвојуваат во Собранието.

Двајцата соговорници ја реафирмираа важноста за подобрување на севкупните односи и соработка меѓу две држави, со посебен акцент на европската перспектива на Република Северна Македонија. Истакнаа дека е потребно е да се креира и промовира позитивна реторика која може да придонесе за градење на меѓусебна доверба, како и продолжување на динамиката во билатералната агенда, со цел да се постигнат резултати кои се конкретни и видливи за граѓаните

Тие се согласија дека единствениот пат кон побрз развој е продлабочување на економска соработка, што ќе придонесе за постигнување на клучните европски приоритети додека енергетското и инфраструктурното поврзување се клучен предуслов за развој на успешен бизнис и за издржливост за време на кризи.

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја