Утрински Весник
Македонија

Митрески на неформална средба со Џафери и Ковачевски: Европската агенда е нашата единствена опција

Picture 1486 660x488 1.jpg

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска имал неформална средба со премиерот на техничката Влада Талат Џафери и со поранешниот премиер Димитар Ковачевски.

Митрески на Фејсбук објави дека на средбата разговарале за периодот што нè очекува и дека не отстапуваат од европската агенда.

 -Цврсто остануваме на определбата дека не отстапуваме од европската агенда која е единствена опција за нашата држава за просперитет и демократски напредок.

Членство во Европската унија е нашата единствена опција.

Истовремено заклучивме дека во наредниот период ќе сториме се што е во наша надлежност да создадеме услови за фер и демократски избори без ниту една дамка, пишува на профилот на Фејсбук на Митрески.

Можете да прочитате

ЦУК објави мапа – делови од државата се под висок ризик од пожари

Сабриу: Со ова темпо на реформи градиме пофер, похумана и порамноправна Македонија

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден