Утрински Весник
Македонија

Митрески: Македонскиот јазик и македонскиот идентитет дел од ЕУ е остварување на сонот на илинденците, на партизаните, на револуционерите

Mitreski 1.webp.webp

„Државата мора да оди напред. Не смееме да дозволиме младите да бидат жртва на политичари кои сакаат да не вратат 30 години назад. Да не дозволиме поделеноста по етничка основа, да биде наша тема, во следните години. Тоа им го должиме на нашите предци, за подршката, за херојското минато, за создавање на самостојна и независна држава. Тоа им го должиме на нашите генерации, на нашите идни генерации, за својата иднина да ја градат во својата држава, не во странство со пасоши од други држави. Нашата идеја е европска Македонија. Македонскиот јазик и македонскиот идентитет вграден во европскиот, значи остварување на сонот, на илинденците, на партизаните, на револуционерите, на сите кои се бореле за држава која ќе биде рамо до рамо со големите демократски и европски држави,“ рече Јован Митрески, носителот на ИЕ 5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, ма граѓанскиот митинг во Крушево.

Тој ги повика сите граѓани, да се обединат и со здружени сили да се шири пораката кон сите.

„Да ја шириме пораката до нашите и вашите пријатели, роднини, соседи, до разочараните од различни причини, до оние кои сакаат да останат дома. Да не дозволиме да се вратат оние кои Македонија ја донесоа до бездна. Следните денови се клучни. 8 Мај е клучен ден. Да застанеме сите обединето, да застанеме сите сложно зад бројот 1, на пратеничките исти, и за бројот 1 за нашиот претседател Стево Пендаровски. Да сте ми здрави и жив и да продолжиме сите заедно напред,“ порача Митрески.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег