Утрински Весник
Македонија

Митрески: Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, гласаа против решавање на статусот на бранителите

Izjava Jovan Mitreski.jpeg

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Митрески, пратеник од СДСМ:

Денеска се покажа уште едно лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Пратениците и на ВМРО-ДПМНЕ и на ЗНАМ покажаа дека се против решавање на статусот на бранителите.


Ако досега се криеја зад Африм Гаши, денеска го покажаа вистинското лице. Пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ гласаа против тоа, на дневен ред да биде ставена точка со која ќе се задолжи претседателот на Собранието, Африм Гаши, да закаже седница за да се реши статусот на бранителите.

Само пред неколку месеци, како тогашна опозиција, блокираа важни закони и го условуваа нивното донесување со Законот за бранители.

Еве ги сликите кои тогаш ги покажуваа и со кои условуваа носење на други закони се додека не се донесе Законот за бранители.

Денеска истите тие пратеници кои тогаш, пред носењето на други закони, нарекуваа дека тоа е политичка жизофренија истите тие денеска го блокираа законот за решавање на статусот на бранители.

Овие лицемери денеска гласаа против браниетелите и денеска може да се констатира дека пратениците на ДПМНЕ и ЗНАМ како мнозинство во ова Собрание, се што лажаа излажаа.

Почитувани граѓани, 

Ова парламентарно мнозинство е лицемерно и непособно. За нивната непособност веќе предлагаме закони со кои ќе помогнеме на граѓаните од економски аспект.

Предлагаме закони за намалување на ДДВ, на други закони, за намалување на цените и за зголемување на платите, со еден збор за зголемување на животнито стандард на граѓаните.

За нивното лицемерие ќе продолжиме и понатау да ги вадиме пред лицето на граѓаните, затоа што се што веуваа излажаа.

Можете да прочитате

Меџити: One Stop Shop во Блаце, чекор поблиску до Косово

Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот

СДСМ: Централната комисија утврди еден кандидат за претседател на СДСМ за изборите на 16 март