Утрински Весник
Економија

Митреска: Политиките на централната банка овозможуваат стабилизација на инфлацијата и зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем

Picture 676 660x500 1.jpg

Вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска на 23. состанок на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за монетарната политика во Централна и Источна Европа посочила дека мерките за справување со инфлацијата што ги презела Народната банка придонеле и за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор.  – Макропрудентните мерки во основа беа користени за да се зголеми отпорноста на банкарскиот систем, но исто така претставуваа и поддршка на затегнувањето на монетарната политика во борбата против инфлацијата. Во неколку наврати беше зголемен контрацикличниот заштитен слој на капиталот на банките и беа воведени макропрудентни инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Податоците покажуваат дека многу земји применија макропрудентни мерки, не само за задржување на финансиската стабилност, туку и за поддршка на монетарната политика. Во Европа, на пример, од почетокот на 2020 година досега, контрацикличниот заштитен слој на капиталот е зголемен од 0,25 п. п. до 2,5 п. п. , посочила вицегувернерката Митреска. Како што соопшти Народната банка, вицегувернерката посочила дека циклусот на монетарно затегнување бил придружен и со низа макропрудентни мерки, преку коишто се спречила појавата на финансиски стрес. Притоа, таа истакнала дека резултатите од стрес-тестовите за ефектите од зголемувањето на каматните стапки врз портфолиото на домашниот банкарски сектор покажале дека банките се добро подготвени за да ги надминат евентуалните предизвици, како и дека досега нема остварување на ризиците. Сепак, според вицегувернерката поради постојаната неизвесност, и централните банки, и банкарскиот систем во целина треба да бидат внимателни и подготвени за соодветна реакција во случај на нови шокови.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“