Утрински Весник
Спорт

Митрашиновиќ: Зошто да не ја победиме БиХ во Сараево?

Митрашиновиќ: Зошто да не ја победиме БиХ во Сараево?

Капитенот на женска кошаркарска репрезентација Анџелика Митрашиновиќ повторно е дел од националниот тим, и ќе ги предводи нашите најдобри кошаркарки во третиот, и последен квалификациски „прозорец“ на ФИБА за Евробаскет 2023 кој ќе се игра во Израел, односно Словенија.

dobivaj vesti na viber

Кошаркарката на Монтана повторно потенцира еден важен момент кој оваа селекција никако не може да го избегне, а тоа е некомплетниот ростер.

„Последен циклус од квалификациите за Европското првенство 2023, а старите болки остануваат. И овој циклус го дочекавме некомплетни, за жал немавме, и немаме среќа да се собереме сите заедно за квалификациите, и во комплетен состав да се обидеме и на овие последни два натпревари да победиме“, констатира нашата најдобра кошаркарка во овој момент.

И покрај отсуството на неколку важни играчи, во преден план, Мерит Хемпе, Митрашиновиќ пред дуелот со селекцијата на БиХ во Сараево има оптимистичко расположение.

„Што е тука е, наше е да го завршиме овој квалификациски циклус на најдобар можен начин, па зошто не и со победа? Шансата ја гледаме во дуелот со Босна и Херцеговина, која за разлика од првиот „прозорец“ е ослабена и подмладена. Но, никако не смееме да ги потцениме. Дел од играчите кои беа носители на Европското првенство сѐ уште се тука, а квалитетот на босанската репрезентација ни е секако добро познат. Се надевам на добра игра и позитивен резултат“, вели предводникот на женскиот кошаркарски тим.

Натпреварот меѓу женските кошаркарски селекции на БиХ и на Македонија ќе се одигра утревечер во 20 часот, во салата „Сабит Хаџиќ“ во Сараево.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ