Утрински Весник
Скопје

Митовски: За 30 дена ќе ставам крај на депониите и хаосот со сметот во Гази Баба

Mitovski sdsm 3.jpeg

Изјава на Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на Гази Баба

Актуелниот градоначалник, неговиот тим и градоначалничката на Град Скопје која претходните локални избори ја шетаа по нашата општина и ја претставуваа како најдобрата менаџерка, четири години не успеаја да најдат начин да го продолжат континуитетот на општинското комунално претпријатие и КХС да се справат со сметот во општината. Денес, службите се во целосен колапс, а комуналното претпријатие не може да се справи со огромните количини отпад кои ја дават Гази Баба.


Затоа најавувам дека овој хаос по 19 октомври ќе биде решен уште во првите 30 дена. Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии на своја територија. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално. 

Разликата ќе ја почувствуваат сите граѓани – по чистите улици, уредените маала и зелени површини.

Затоа што сите ние се бориме за нашиот дом. На 19 октомври да покажеме дека ни е доста од депонии, неуредност и хаос. Време е за зелена, чиста и модерна Гази Баба.

Можете да прочитате

Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава – инспекциските служби вршат контроли на 30 локации во Центар

Орце Ѓорѓиевски: Градот убав повторно блесна

ОЈО Скопје отворило предмет за „Зимзоленд“ – ќе испитува дали има елементи на делото предизвикување општа опасност