
Се наоѓаме во населено место Стајковци, место кое во изминатите четири години беше целосно заборавено од локалната власт. Ниту еден проект, ниту една капитална инвестиција не беше реализирана за ова населено место. Граѓаните од Стајковци се чувствуваат запоставени и разочарани, затоа што нивните проблеми никој не ги слушна.
Но, сите добро се сеќаваме на времето кога СДСМ ја водеше општината. Тогаш, Стајковци за првпат доби градинка за најмладите, која ја користат и децата од околните села. Тогаш за првпат добивме и спортска сала во основното училиште, се асфалтираа сите улици и се реализираа проекти кои вистински го подобрија животот на граѓаните.
Затоа, Стајковци заслужува да продолжи да се развива. Во новиот мандат ќе го уредиме коритото на каналот по должина на улица 6, ќе ги рехабилитираме улиците 5, 6 и 11, ќе го реконструираме детското игралиште на крајот од улица 18, а плоштадот на Стајковци ќе го добие својот вистински сјај и ќе стане место за дружење и гордост на сите жители.
Ова е патот по кој треба да се движи Гази Баба плански, современо и одговорно. Стајковци ќе го добие својот сјај, затоа што граѓаните го заслужуваат тоа. Затоа што се бориме за нашиот дом!