Утрински Весник
Македонија

Митева: Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани

Miteva 1.jpg
Dik 300x250 mk

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева и доктор Катерина Паниќ-Мирчовска в.д. директор на општа болница Кочани одржаа прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Митева информира за конкретни видливи активности што Владата и ги спроведува во Кочани, се со цел подобрување на условите за здравствена грижа и подигнување на стандардите за згрижување и рахабилитација на пациентите.


-Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во кочанската болница со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните три максимум четири недели, изјави Митева.

Митева ја информираше јавноста за текот на реконструкцијата.

-Работите започнаа со поставување на нови прозорци, целосно нова инсталација и нова водоводна и каланизациона мрежа. Реконструкцијата ќе продолжи со хидроизолација на објектот. Поставување на комплетно нова вертикала на водоводната и канализационата мрежа која ги поврзува и горните оддели на физикална медицина, конкретно хирургија, гинекологија и неврологија. Порамнување и обновување на подот и поставување на нови врати, додаде Митева.

Особено важно е, што цениме како Влада и е потребно да се нагласи, е дека по долги години се оспособува хидранската мрежа кој беце целосно нефункционална и во тек е поставување на нов противпожарен систем, потенцира Митева.

-Ова не е само реконструкција, ова е јасен сигнал сека Кочани добива системска грижа, потенцира Митева.

Можете да прочитате

Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 1 до 5 ноември

Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија

Предложен притвор за недозволено држење муниција