Утрински Весник
Македонија

Митева: Лотарија на две фирми, едната од Струмица, другата од Скопје незаконски им доделила лиценци за игри на среќа

Mari A Miteva.jpg

Интегрален текст од прес конференција на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

Дали фирмата од Струмица е директно поврзана со СДС, а фирмата од Скопје со ДУИ? Дали вака СДС и ДУИ ги книжеле милионите под закрила на институциите.

Со години фирмите преку игрите на среќа се богателе и тоа прво без законски основ, а сепак со издадена лиценца и второ, без притоа да плаќаат данок. Кој се од врвот на СДС и ДУИ ги аминувал и прикривал овој криминал од милионски размери?

За споредба, во 2018 година бизнисот со игри на среќа свртел 210 милиони евра, а во 2023 година 800 милиони. Или за 5 години овој бизнис се зголемил за цели 600 милиони евра. Ова директно покажува дека во времето на владеење на СДС и ДУИ преку незаконско работење, со добиени лиценци без основ за тоа се заработувале милиони на грбот на граѓаните, а за да биде уште пострашно некој од тие фирми за тоа не плаќал данок.

И нервозата во СДС и ДУИ е голема, зошто токму овие две фирми од Струмица и Скопје кои го кршеле законот и не плаќале данок, нема да можат тоа веќе  да го прават.

Дополнително, последните констатации покажуваат дека од 2017 година „Лотарија на Македонија”, и самата не поседувала лиценца но сепак издавала лиценци за приредување на игри на среќа. 

Со години клучен фактор за развојот на бизнисот во Македонија била политичката моќ на ДУИ и СДС.

Затоа денес секојдневно се служат со лаги и измислици, празни прес конференции и конструирани напади, надевајќи се дека така ќе го покријат сиот криминал кој се открива во институциите.

Но, на клевета ќе одговориме со вистина, СДС и ДУИ мора да знаат дека ќе има одговорност за секоја нерегуларност која ја направиле, само така ќе имаме правна држава и вистинско владеење на правото.

Можете да прочитате

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките

Петмина од повредените во кочанската дискотека се уште се на болничко лекување, двајца во Турција, тројца во државата

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија