Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Митева: Институциите на власта ги злоупотребувале европските фондови

Митева: Институциите на власта ги злоупотребувале европските фондови
Img 7972

Македонија е прва по злоупотреба на европските фондови во Западен Балкан, изјави на прес-конференција, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

dobivaj vesti na viber

Митева се повика на податоците од ОЛАФ –  Агенцијата за борба против злоупотреба на европските фондови која утврди дека од 36 злоупотреби на овие фондови, 18 се само во Македонија.

Имено, ОЛАФ истражува измами против буџетот на Европската Унија, корупцијата и развива политика против измама за Европската комисија.

„Исто така, уште еден показател за криминалните дејанија на власта е фактот што истрагите се однесуваат за период од 2017-2022 година, точно за времето на владеење на власта на ДУИ подржана од СДС. Воедно, дадени се и препораки земјата корисничка да ги врати злоупотребените средства. Тоа значи дека Македонија во иднина ќе треба да ги врати овие средства кои може да достигнат и до десетици милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, тоа се пари кои повторно ќе се одлеат од буџетот на Македонија“, рече Митева.

Дополнително, како што додаде, за овие евидентирани злоупотреби на соодветните власти во земјата, предметите се предаваат за да се отворат истраги за сторен криминал.

Митева оцени дека овие состојби претставуваат рушење на реномето на сопствената држава и може да претставува сериозна закана за понатамошниот тек на евроинтеграцискиот процес на Македонија.

Можете да прочитате

Запленета дрога на автопатот Скопје-Велес

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите