Утрински Весник
Македонија

Митева: Анализите за спојување на разузнавачките агенции во една се во напредна фаза

12102024 Miteva.jpg

Анализите за спојување на разузнавачките агенции во една се во напредна фаза и штом ќе се створат услови јавноста ќе биде информирана, истакна денеска портпаролката на Владата Марија Митева. Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција појасни дека тоа се институции од исклучителна важност и времетраењето за таква реформа е подолго.

Прашана за коментарите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче дека отфрлањето на обвинението против директорот на АНБ Бојан Христовски од страна на обвинителството е политички притисок од ВМРО – ДПМНЕ, Митева рече дека одлуката е на судството и обвинителството составено од кадри кои тие ги поставиле.


„Колку и да се обидуваат да ги лиферуваат оние лажни вести, дезинформации, колку и да се обидуваат од секоја ситуација да направат политика, да зборуваат дека некој користел лажни сертификати, дека ги менувал, поправал тие сертификати итн, е вакво судство и обивнителство кое е составено од кадрите кои тие ги оставија неможат да ја сокрие вистината. Односно вистината денеска излегува на виделина, а тоа е дека не постојат лажни сертификати по однос на овие изнесени ставови од СДСМ кои континуирано имаа за цел да направат дискредитација на директорот на Агенцијата за национална безбедност, истакна Митева.

Во однос на излагањето на лидерот на опозициската СДСМ дека одговориле на повикот на премиерот во делот на лобирањето за извештајот на ЕУ за резолуцијата и дали тоа ќе биде последното барање до опозицијата пред да се отвори Уставот, со оглед на изнесениот став дека власта има нови барања, Митева посочи дека тоа не се барања кон опозицијата туку заеднички интерес за Македонија.

„Прво морам да прашам зошто ова се смета како барање кон опозицијата и зошто ова не го гледаме како заеднички интерес, кој пред се и над се ќе ја стави Македонија и спорот кој што го создадоа токму тие. Најверојатно ќе треба претседателот на СДСМ да одговори на тие прашања. Ова се барања, кои се однесуваат за доброто на Македонија, нешто што значи признавање на многу вековниот македонски идентитет и јазик и мислам дека тука не треба да го бараат како лично барање кон нив туку како обврска да направат се што можат доколку можат да лобираат и да дадат поддршка ова да биде изгласано. Ваквите изјави дека ова се некои барања кон нив само го потврдува фактот дека се обидуваат да наштетат на еден процес кој носи добро на сите граѓани, рече Митева.

Прашана за изборниот законик и барањето на независните кандидати што е можно поскоро да се иницираат овие измени, Митева рече дека ќе се носи со консензус.

„Морам да потенцирам дека станува збор за Изборен законик. Ние како Влада немаме интенција да носиме работи кои се еднострани. Тој се носи секогаш со консензус и со дијалог. Да ќе ги разгледаме сите барања кои што беа поднесени и ќе бараме решение, изјави Митева.

Можете да прочитате

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто

Филипче: Младите не заслужуваат ваква власт што им ја одзема иднината

Родителите од Кочани: Ако во оваа држава нема правда, ние вистината ќе ја бараме во странство, пред меѓународните институции