Утрински Весник
Свет

Мистериозно почина уште еден близок соработник на Путин: Уредникот се задушил во автомобил за време на службено патување

Мистериозно почина уште еден близок соработник на Путин: Уредникот се задушил во автомобил за време на службено патување

Уште еден близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин почина оваа недела, овој пат од наводен мозочен удар додека беше на службено патување во селото Рошчино на далечниот исток на Русија.

dobivaj vesti na viber

Владимир Николаевич Сунгоркин (68), беше главен уредник на рускиот државен весник Комсомолскаја Правда.

Според весникот, Сунгоркин починал „ненадејно“ откако покажал знаци на „асфиксија“ за време на вчерашното патување.

„ Тоа се случи ненадејно, немаше индикации дека ќе доведе до фатален исход. Бевме во селото Рочино. Возевме, веќе бевме на пат за Хабаровск, планиравме да пристигнеме вечерва, а оттаму да се вратиме во Москва. Се беше добро“ изјавил неговиот колега кој бил со него на службен пат.

Според зборовите на колегата, Владимир паднал во несвест неколку минути откако и предложил на нивната група да најдат убаво место каде што ќе можат да се одморат и да ручаат, пишува МСН.

„ Три минути подоцна Владимир почна да се гуши. Го изнесовме на чист воздух, веќе беше без свест. Ништо не помогна. Лекарот кој го направил првиот преглед рекол дека очигледно се работи за мозочен удар“ напишал неговиот колега.

Смртта на Владимир е последната во низата мистериозни смртни случаи на луѓе блиски до Путин кои загинаа од почетокот на конфликтот во Украина.

Иван Пекорин, директор на корпорацијата за развој на Далечниот Исток и Арктикот, неодамна беше објавено дека починал откако наводно „паднал од брод“ во Владивосток.

Можете да прочитате

Полскиот министер за надворешни работи се пошегува на сметка на Маск по кавгата со Трамп

Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: Меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла

Авион на Рајанер принудно слета во Германија поради бура, деветмина повредени