Утрински Весник
Свет

Мислеле дека Хамас го киднапирал од фестивалот во пустината, неговото тело сега е пронајдено во Израел

92099ccb A2ab 419f Ac76 0bac3d94a0d4.jpg

Еден од заложниците за кои се верува дека бил киднапиран од Хамас на 7 октомври, бил прогласен за мртов откако неговото тело било пронајдено во Израел, потврдија израелските одбранбени сили (ИДФ).

ИДФ соопшти дека останките на Ељаким Либман биле идентификувани по темелна и сложена истрага. Во моментот на нападот, Либман работел како обезбедување на фестивалот Нова.

Неговото семејство рече дека тој останал со часови по нападот помагајќи им на ранетите.

Во соопштението за медиумите, ИДФ објави дека денеска Националниот институт за судска медицина и Министерството за здравство го информирале семејството на Либман дека тој бил убиен во масакрот на 7 октомври, кој го предводел Хамас.

Понатаму се вели дека останките биле идентификувани по „темелна и сложена истрага од страна на ИДФ израелската полиција и Националниот институт за судска медицина“. Израелските медиуми јавуваат дека неговите посмртни останки по грешка биле погребани заедно со другите жртви на фестивалот.

Во објава на Фејсбук за време на нападот, таткото на Либман, Елијаху, рече дека друг чувар му рекол дека неговиот син помогнал да се спасат другите пред да се обиде да избега. Последен пат бил виден како им помага на две тешко повредени жени.

За време на нападот на 7 октомври беа убиени околу 1.200 луѓе. Повеќе од 360 од убиените присуствуваа на фестивалот. Околу 130 заложници, од повеќе од 250 киднапирани од Хамас за време на бруталниот напад, се уште се водат како исчезнати. Се претпоставува дека најмалку 34 од нив се мртви. Останатите беа ослободени или спасени.

Повеќе од 34.600 луѓе беа убиени во израелската офанзива во Газа што следеше по масакрот на Хамас, според тамошното Министерство за здравство управувано од Хамас.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година