Утрински Весник
Свет

Мишел Барние на чело на новата влада, Макрон бара национално единство

Emmanuel Macron Et Michel Barnier 2415 Jpg 711 473 1.jpeg

Мишел Барние (73), познат по неговата улога како главен преговарач на Европската унија за излезот на Велика Британија од блокот (2016-2021), доби нова важна задача. Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Барние да формира влада на национално единство, во обид да се надмине политичкиот ќор-сокак по последните парламентарни избори, каде ниту една партија не освои целосно мнозинство.

Барние, кој има долгогодишна кариера во француската и европската политика, служел како пратеник, министер и еврокомесар. Претходно бил дел од француски влади под водство на премиерите Едуар Баладир, Ален Жипе, Жан-Пјер Рафарен и Франсоа Фијон.

Иако не е сигурно дали новата влада на Барние ќе успее да ги донесе потребните реформи во парламентот, екстремно десничарската партија Национално собрание (РН) веќе сигнализира дека ќе разгледа поддршка, под одредени услови.

Со својот либерален став и силната проевропска ориентација, Барние се гледа како продолжение на политиката на Макрон, чија коалиција загуби на претходните избори.

Можете да прочитате

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани