Утрински Весник
Магазин

Миша Бартон: Имав 19 години, ми рекоа да спијам со Ди Каприо за доброто на мојата кариера

Миша Бартон: Имав 19 години, ми рекоа да спијам со Ди Каприо за доброто на мојата кариера

Ди Каприо повторно е во центарот на вниманието. На почетокот на февруари годинава актерот беше „фатен“ во друштво на манекенката Еден Полани (19), а набрзо почнаа да се шират гласини за новата романса на омиленото лице на Холивуд.

dobivaj vesti na viber

Леонардо (48) брзо ги отфрли сите обвинувања, но поради неговата поврзаност со 29-годишна манекенка, во јавноста повторно се појави скандал од пред 18 години, кога актерката (тогаш во подем) изјавила дека ја замолувале да спие со него за „доброто на нејзината кариера“, пишува Daily Mail.

Миша Бартон во тоа време беше на врвот на кариерата, глумејќи во тинејџерска драма. Таа беше во Малибу со тогашниот публицист Крег Шнајдер кога го виде Леонардо ди Каприо на снимање.

Во тоа време, Ди Каприо беше надвор од шестгодишна врска со супермоделот Жизел Бундхен (42).

– За доброто на својата кариера, оди и спиј со тој човек – ѝ рекол Крег тогаш на младата актерка, која одговорила дека не ја интересираат односите со постари мажи.

– Па нели Лео има 30 години или нешто слично? – му одговорила.

Леонардо ди Каприо е познат по тоа што сака да излегува со помлади девојки.

Во август 2022 година, тој ја заврши својата четиригодишна врска со Камила Мороне, а потоа стана тема на корисниците на социјалните мрежи кои постојано се шегуваа на негова сметка. Имено, многумина тогаш пишуваа дека Леонардо раскинал со актерката бидејќи два месеци пред тоа наполнила 25 години.

Со текот на годините, додека Леонардо ги менуваше девојките, следбениците забележаа дека актерот има тенденција да излегува само со девојки кои имаат 25 години или помлади.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста