Утрински Весник
Македонија

Мисајловски во официјална посета на Словенија, состаноци со словенечкиот одбранбен и државен врв

Misajlovski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на покана на неговиот словенечки колега, министерот Борут Сајовиц денеска (17 февруари) престојува во официјална посета на Словенија. Во Љубљана, министерот Мисајловски ќе се сретне и со Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

По свечената церемонија во Министерството за одбрана, министрите Мисајловски и Сајовиц ќе имаат тет-а-тет средба, по што средба ќе имаат и двете делегации. Во Љубљана ќе биде потпишан и Планот за билатерална соработка помеѓу двете земји за 2025 година, а на гробиштата Жале во Љубљана, министерот Мисајловски ќе положи венец со свежо цвеќе како почит кон паднатите словенечки борци во Десетдневната војна во 1991 година.


Во вилата Подрожник, министерот Мисајловски ќе им додели признанија на припадниците на словенечката полиција кои беа активно вклучени во борбата со пожарите на македонска територија минатото лето.

Можете да прочитате

Тошковски: ,,Безбеден град” ќе има отстапки како кај полициските радари

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје