Утрински Весник
Македонија

Мисајловски на Денот за високи гости на вежбата „Seven Stars 25″: развојот на интероперабилноста во SEEBRIG значи побезбеден регион и посилна Алијанса

Slika 1.jpg

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска (10 април) присуствуваше на Денот на високи гости на вежбата „Seven Stars 25″ која се реализираше во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман” каде порача дека оваа е мултинационална вежба во која учествуваат шест држави и дека таа е исклучително значајна за нас како земја-домаќин на Командата на Бригадата на Југоисточна Европа.

Министерот им честиташе на учесниците на вежбата и на Командата на SEEBRIG предводена од командантот, бригадниот генерал Билбил Битри за покажаниот врвен професионализам и високи стандарди во организација на една ваква комплексна вежба која вклучува компјутерски симулиран елемент и теренска вежба на армискиот полигон „Криволак”.


„Навистина ми е драго што преку 200 луѓе директно учествуваат во оваа вежба и што можеме да видиме како заеднички се справуваат со сите несакани појави, но и потоа како да се воспостави мир што е многу важно. Ги поздравувам сите, навистина професионално. Честитки до SEEBRIG, честитки до сите земји и учесници”, рече министерот.

На новинарско прашање поврзано со плановите за развој на одбраната и Армијата, министерот Мисајловски информираше дека континуирано се реализира процесот на опремување и модернизација на Армијата, споменувајќи дека годинава се очекува да се комплетира целата набавка на JLTV возила, да пристигнат оклопните возила Stryker, како и против-воздушните системи Mistral и артилериските системи Boran. Мисајловски потврди дека се работи на надминување на правните предизвици поврзани со набавката на хеликоптери и дека за тоа избрана е компанија која ќе дава правни совети во овој процес. Додаде дека се одвојуваат значителни средства и за реконструкција на објекти на Армијата, вклучувајќи ги и објектите на подрачните единици, како и за набавка на нови униформи и чизми за припадниците на македонската Армија.

Генералот Лафчиски, пак, порача дека интероперабилноста помеѓу сите учесници на вежбата е на завидно ниво, оценувајќи ја за успешно реализирана. Лафчиски информираше дека 90 проценти од учесниците на теренскиот дел од вежбата се припадници на Вториот баталјон од Првата пешадиска бригада на Армијата.

На денот за високи гости во велешката касарна присуствуваа и заменичката на министерот, Елфет Исмаили, заменикот на началникот на Генералштабот, генералот Азим Нуредин, државниот секретар во Министерството, Елизабета Чуповска Ристова, директорот на Генералштабот, генералот Орце Јордев, командантот на Командата за операции, генералот Мирче Ѓоргоски и командантот на Командата за обука и доктрини, генералот Лулзим Нуредини.

Вежбата „Seven Stars 25″ е организирана од Командата на Бригадата секоја втора година. Годинава во активностите се вклучени над 200 припадници на SEEBRIG, а целта е увежбување на НАТО процедури и постапки во функција на развој на интероперабилноста и постапките за команда и контрола. Оваа вежба придонесува кон зацврстување на мирот, безбедноста и соработката во регионот и ја демонстрира подготвеноста на Бригадата за извршување на мултинационални операции во поддршка на мирот.

Можете да прочитате

Костова: Гледаме селективна истрага за Кочани, каде е одговорноста на функционерите во МВР?

Распишан е оглас за избор на судија на Македонија во Европскиот суд за човекови права

Костова од СДСМ за ЗНАМ: Не ми е јасно како трчаат во скутот на потпросечниот Мицкоски