Утрински Весник
Спорт

Миротиќ и Нејпир му пресудија на Партизан во Милано

221551 Drama Vo Milano Mirotikj I Drugarite Mu Presudija Na Partizan.jpg

Кошаркарите на Олимпија Милано триумфираа против Партизан со 85:83 и останаа во трка за пласман во разигрувањето од Евролигата. Неизвесна битка се водеше до последниот звук на сирената во Милано. На крајот домаќините предводен од расположените Никола Миротиќ и Шабаз Нејпир и се радуваа на победата. Поранешниот плејмејкер на Црвена звезда, Американецот Нејпир кој ги постигна клучните седум поени во завршницата и мечот го заврши со 15 кошеви. Најефикасни во победничкиот тим беа Миротиќ и Шилдс со по 19 поени, а исто толку постигна и Аврамовиќ за Партизан. Басконија без многу проблеми ја скрши Алба Берлин со 88:71, а Панатинаикос го совлада Асвел со 85:67.

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина