Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа

20251007195011 big 730x400 87.webp.webp
300x250 opst2

Македонската фудбалска репрезентација ги одработува мини подготовките пред квалификацискиот дуел со Белгија. Нашата репрезентација работи во одлична атмосфера на комплекс терените на ФФМ.

–  Знаеме против каква репрезентација играме. Веќе сме во последната фаза на квалификациите, а покажавме дека знаеме да играме фудбал и затоа се наоѓаме во ваква ситуација. Во моментов сме на првата позиција во групата и ако некој не запрашал претходно дали сакаме да се најдеме во ваква ситуација пред квалификациите, нормално дека бевме задоволни, но работата сè уште не е завршена. Знаеме дека не само овој, туку и последните два натпревари против Казахстан и против Велс се едни од најважните во поновата репрезентативна историја. Првиот натпревар е против Белгија, а знаеме против каков противник играме. Ги знаеме нивните слаби страни. Ќе имаме поддршка од нашите навивачи, знаеме дека ќе бидат во голем број, така што мислам дека ќе гледаат одличен фудбал. Белгија е одлична репрезентација, каде што деветдесет отсто од играчите играат во топ петте лиги. Но ние играме како тим, го докажавме тоа, изјави напаѓачот Бојан Миовски.


Нашата репрезентација утре патува за Белгија, а дуелот со фаворитот во групата се игра во Гент в петок со почеток во 20:45 часот.

Можете да прочитате

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Ѓоковиќ избори четвртфинале на Мастерсот во Шангај

Младата репрезентација ги почна подготовките за дуелите со Ерменија и Црна Гора