Утрински Весник
Македонија

Министрите Муцунски и Муртезани на средба со Калас во Брисел

20251202074023 big 730x400 98.webp.webp

Министрите за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за европски прашање Орхан Муртезани денеска во Брисел ќе имаат средба со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Според најавите, средбата се одржува во контекст на континуираната посветеност на земјата кон европскиот интегративен процес и заедничката заложба за унапредување на партнерството со Унијата, особено во областите на безбедноста и одбраната.

Во рамки на работната посета на Брисел, шефот на дипломатијата Муцунски утре ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Главни теми на министерскиот состанок ќе бидат имплементацијата на одлуките од Самитот на НАТО во Хаг, јакнењето на индивидуалните и колективните способности, како и обезбедувањето ефективна одбрана и безбедност. На собирот ќе стане збор и за поддршката за Украина и заедничките одговори на актуелните безбедносни предизвици, вклучително и дестабилизирачките активности на злонамерни актери и стратешки конкуренти кои претставуваат закана за постоечката безбедносна архитектура и меѓународниот поредок.

Покрај ова, предвидено е за време на престојот во Брисел, министерот Муцунски да оствари и низа билатерални средби.

Можете да прочитате

Изложба по повод Светскиот ден на лицата со инвалидност

СДСМ: Мицкоски се огради од народот, сега на камерите во Скопје може да види колку е паднат стандардот на граѓаните

Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт