Утрински Весник
Македонија

Министрите Мисајловски и Гулер потпишаа Рамковен договор за воена соработка

Misajlovski Guler 3.jpeg

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Гулер денеска за време на средбата која се одржа во Истанбул во име на владите на двете држави потпишаа Рамковен договор за воена соработка врз основ на изразената потреба за подобрување на постојните пријателски односи.

Целта на овој договор е да ја развие соработката меѓу двете држави на полето на воената соработка, воена обука и образование, заемното учество во вежби, мировните операции и операциите за хуманитарна помош, одбранбена индустрија, военото разузнавање, логистичката соработка, воената медицина и здравствените услуги, комуникациско информациски системи и сајбер одбрана и размена на персонал за професионален развој.

На средбата министерот Мисајловски упати голема благодарност за континуираната поддршка од страна на сојузничка Турција која е наш значаен партнер и пријател од нашето осамостојување и која е значаен чинител и придонесувач во модернизацијата на Армијата и нејзиното опремување со нови, најсовремени средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО.

Во рамки на денешните активности, министерот Мисајловски оствари средба и со Халук Горгун, секретар за одбранбена индустрија на која се разговараше за интензивирање на  соработката во делот на модернизација на македонската Армија и за можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка помеѓу двете пријателски држави.

За време на дводневната посетата на Република Турција, министерот Мисајловски, генералот Лафчиски и останатите членови на македонската делегација го посетија 4. меѓународен саем за одбрана – SAHA EXPO 2024, каде присуствуваа на церемонијалното отворање на саемот, остварија повеќе средби со претставници на компаниите од турската наменска индустрија и со други компании од сите сегменти на копнените капацитети кои би можеле да бидат од аквизициски интерес за македонската одбрана.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија