Утрински Весник
Македонија

Министерството за здравство иницира инспекциски надзор до ДСЗИ во врска со случајот со починатата пациентка во тетовската болница

Ministerstvo za zdravstvo 1 1.jpg

Министерството за здравство инфомира дека иницира инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат во врска со случајот со починатата пациентка во Инфективното одделение во Општата болница во Тетово.

-Јавноста ќе биде навремено известена по завршувањето на постапката за утврдување на фактичката состојба. Министерството за здравство останува посветено на транспарентноста, одговорноста и обезбедување на квалитетна здравствена заштита за сите граѓани, се вели во соопштението од МЗ. 


МВР претходно информираше дека денеска во 03:20 часот во СВР Тетово, Ј.С. од село Копанце, тетовско, пријавил дека на Инфективно одделение во Клиничка болница Тетово била хоспитализирана С.С. (30) од с.Копанце, член од неговото семејство и набргу починала.

-Според пријавеното, таа била примена на болничко лекување, претходниот ден во 19.00 часот и наводно, според негово кажување, не ѝ била укажана соодветна лекарска помош, по што починала. Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото и по однос на пријавата бил формиран тим за испитување на настанот, кој ќе го води дежурен јавен обвинител во содејство со екипа од СВР Тетово, се вели во соопштението од МВР. 

Можете да прочитате

Милениците нема да се фрлаат во отпад: АХВ и ЗЕЛС договорија изградба на гробишта за животни

Аларм на Шар Планина: Висока лавинска опасност, регистрирана прва лавина

Левица: Антикорупционерката Ристовска крие имот – Дали ДКСК ќе почне со чистење од сопсвениот двор?