Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерството за правда му укажувало на кумановскиот суд да си ја среди архивата

Министерство за правда за укинатата пресуда за организаторите на 27 април: пропустите остануваат пракса за некои судии
300x250 opst2

Министерството за правда за време на надзорите му укажуваше на Основниот суд Куманово за несоодветно архивирање на предметите, но мерки не беа преземени од нивна страна, велат од ова министерството по пожарот на документите.

dobivaj vesti na viber

Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС-системот во судовите при Министерството за правда последниот надзор врз работата на Основниот суд Куманово го изврши на 6 јуни при што беше констатирано следново: Судската архива е сместена во подрумските простории; Архивирањето на предметите било завршено заклучно со 1971 година; Нема континуирано архивирање на предмети.

Овој проблем, велат од Министерството за правда, се провлекува со децении и е констатиран уште со првиот надзор кога судот бил задолжен да започне со архивирање.

Комисијата за надзор над функционалноста на АКМИС во судовите го задолжи Основниот суд Куманово да почне со континуирано архивирање на предмети и итно расчистување на архивскиот простор. Претседателот на судот се задолжува да постигне договор со архивот и да се продолжи со натамошно архивирање.

За време на надзорот од страна на ВД претседателот на судот беше истакната забелешка дека овој процес ќе биде тежок за реализација затоа што судот располагал само со двајца службеници во архивата.

Комисијата смета дека внатрешната организација е работа на судот, а архивирањето на предметите е обврска која мора да се почитува.

Можете да прочитате

Во пиперки од Македонија откриена опасна супстанца

17годишно момче тешко повредено откако паднало од мотор

Чупеска: Станавме заложници на внатрешно-политички игри и надворешни влијанија од авторитарни сојузи