Утрински Весник
Свет

Министерството за одбрана на Русија: Поради мито, уапсен истакнат руски генерал

677z381 1 Russian Police.jpg

Шефот на главната кадровска управа на Министерството за одбрана на Русија, Јуриј Кузњецов, е уапсен под сомнение дека примил големо мито, изјави официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко.

„Главната истражна управа на Истражниот комитет на Русија поведе кривична постапка против шефот на кадровската управа на Министерството за одбрана на Русија, Јуриј Кузњецов. Тој е осомничен за примање голем поткуп“, рече Петренко.

Според информациите на истрагата, Кузњецов во периодот 2021 – 2023 година кога бил на чело на Осмата управа на Генералштабот примил поткуп од претприемач за „извршување одредени дејства во нивна корист“.

При претресот кај генералот биле пронајдени пари во вкупен износ од над 100 милиони рубли во разни валути (околу милион долари), златници, колекционерски часовници и луксузни предмети.

На Кузњецев судот му определи мерка притвор.

Медиумите потсетуваат дека во април беше уапсен заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Иванов, под сомнение дека примил поткуп, пренесува „Спутник“.

Можете да прочитате

Букурешт уништен од страотно невреме – ветрот корнеше дрвја, дождот направи реки од улиците (ФОТО/ВИДЕО)

Во Украина стигна првата група воени заробеници

Како почнаа судирите во Лос Анџелес?