Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Министерство за транспорт: Патиштата се расчистуваат, да се вози внимателно

Img F6f8156641044b70425c871c2782e021 V E1736761397525.jpg
300x250 opst2

Министерството за транспорт и врски информира дека дежурните екипи на ЈП Македонијапат и во текот на ноќта во континуитет биле на терен и вршеле расчистување на сите државни патишта со цел да ги оддржат проодни за сообраќај.

Сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот.  Службите на ЈП Македонијапат со целокупната механизација и работна сила продолжуваат со расчистување за нормално одвивање на сообраќајот на државните патишта.   


Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби.

Според информациите од УХРМ, врнежи од снег со променлив интензитет во утринските часови се бележат низ целата држава, затоа апелираме да се следи временската состојба и граѓаните кои планираат да патуваат навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на државните патишта.

Исто така апелираме до професионаланите возачи на тешки товарни возила да се информираат за условите на патиштата и препораките за сообраќај.

ЈП Македонија пат во континуитет ја следи состојбата на државните патишта и соодветно реагираат со целокупната механизација на терен.    

Можете да прочитате

Левица: Приватните специјализанти повторно понижени – работат како доктори, а немаат ни здравствено осигурување!

Возел пијан низ Охрид па удрил во паркирано возило

Левица: Во недела народот избира меѓу урбанистичката мафија и хуманата урбанизација