Утрински Весник
Македонија

Министерство за правда: Правосудните реформи не се само национален приоритет, туку и дел од нашата евроинтеграција

90.jpg

Нашата иднина треба да се темели на градењето на силно, независно и модерно правосудство кое ќе ги исполни очекувањата на нашите граѓани и ќе биде во чекор со европските вредности, велат од Министерството за правда, по повод 25 Октомври-Европски ден на правдата.

Оттука истакнуваат дека владеењето на правото е основниот столб врз кој се потпира секое модерно општество, а реформите се предуслов за градење на доверба меѓу граѓаните и институциите.

„Во изминатиот период, сведоци сме на потребата од сериозни промени во правосудниот систем кои се едни од главните предуслови за напредок во европските процеси. Европската унија е јасна-нема компромис кога станува збор за правдата. Ние, не можеме да очекуваме економски просперитет, социјална кохезија и стабилност без правичен и независен судски систем. Секако, реформите во правосудството не значат само менување на закони. Тие вклучуваат и промена на културата на работење на правосудните институции. Потребно е постојано едуцирање на судиите и обвинителите, воведување нови технологии за подобра ефикасност, но и зајакнување на механизмите за контрола и отчетност“, велат од Министерството.

Како што се додава, овие реформи не се само национален приоритет, туку се и дел од нашата евроинтеграција.

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер