Утрински Весник
Свет

Министерство за одбрана на Русија: Украинските сили го прекршија велигденското примирје

20250420120926 big 730x400 75.webp.webp

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека украинските вооружени сили повеќе пати го прекршиле велигденското примирје што вчера го прогласи рускиот претседател Владимир Путин.

„И покрај најавата за велигденското примирје, единиците на вооружените сили на Украина во текот на ноќта се обидоа да ги нападнат позициите на руските војници во областите на населбите Суха Балка и Богатир во Доњецката Народна Република, но овие напади беа одбиени“, се наведува во соопштението од Министерство.


Дополнително, во текот на ноќта, според истиот извештај, украинската страна користела 48 беспилотни летала, меѓу кои и едно кое дејствувало на територијата на Крим.

Можете да прочитате

Израелски министер предложи целосна окупација на Газа

Папата Франциск ја нарече „драматична и жална“ ситуацијата во Газа

Добитник освоил џекпот од 112 милиони долари на лотарија во САД