Утрински Весник
Економија

Министерство за енергетика: Усвоен Законот за енергетска ефикасност

Smetka Evn 93 427173.jpg

Собранието на последната седница го усвои Законот за енергетска Собранието на последната седница го усвои Законот за енергетска ефикасност, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС). Со оваа одлука, земјата добива уште една силна законска рамка, усогласена со европските стандарди, која директно ќе придонесе за пониски сметки за граѓаните, почиста животна средина и отворање на нови зелени работни места, информираат од Министерството за енергетика.

Законот обезбедува суштински исчекор во намалување на потрошувачката на енергија, интеграција на обновливи извори и намалување на емисиите на стакленички гасови. Со неговото спроведување ќе се создаде стабилен систем кој ќе ја приближи земјата до европските климатски цели и до концептот на зелена транзиција, посочуваат од Министерството за енергетика.


Како што истакнуваат, клучни новини од Законот се: воведување на европскиот принцип „Енергетска ефикасност на прво место“; долгорочна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради во енергетски ефикасни објекти; тројно зголемена заштеда во јавниот сектор – задолжителна реконструкција на најмалку 3% од јавните згради годишно; задолжителни соларни колектори при изградба или реконструкција на училишта, градинки и јавни институции; финансиска поддршка за инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии; високи стандарди во јавните набавки, дигитална транспарентност и професионализација на енергетските контроли; и вклучување на сертификатите за енергетски карактеристики во Катастарот на недвижности и поттик за меѓуопштинска соработка.

-Со усвојувањето на овој закон се воспоставува правна, економска и социјална рамка што ги намалува трошоците за граѓаните и бизнисите, ја забрзува интеграцијата на обновливите извори и овозможува креирање на одржлив енергетски систем, порачуваат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и додаваат дека остануваат посветени на целосната реализација на реформите во енергетскиот сектор и на усогласување со европското законодавство.

Можете да прочитате

Одржана редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика

НБРМ ги ослеснува условите за купување на прв стан, а ги засилува за купување втор и трет

Поевтинуваат цените на горивата – 24info.mk