Утрински Весник
Економија

Министерство за енергетика: Исплатени средствата за добитниците од претходната програма за субвенции

20250813113544 big 730x400 14.webp.webp

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во текот на месец јули 2025 година започна со исплата на финансиската поддршка за добитниците од претходната програма за субвенции.

Средствата се исплатени на 311 домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост и на 94 згрижувачки семејства. Исплатата е извршена за месеците март, април, мај, јуни и јули.


Наеднаш се префрлени средствата за месеците март, април, мај и јуни. Доколку префрлените средства го покриваат износот на сметката за електрична енергија, остатокот се пренесува за следниот месец и на сметката е евидентиран како претплата.

Во тек е аплицирањето за две програми за финансиска поддршка:

Поддршка за ранливи потрошувачи на електрична енергија за 2025 година – за домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице или потполно глуво лице. Финансиската поддршка изнесува 1.000 денари месечно во текот на 12 месеци, преку намалување на сметката за потрошена електрична енергија.

Програма за набавка и вградување на инвертер клима-уреди – за домаќинства кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот оглас, со цел намалување на потрошувачката на електрична енергија и подобрување на енергетската ефикасност.

Вкупно се обезбедени 170 милиони денари за реализација на оваа мерка:

  • 120 милиони денари за домаќинства со ниски приходи;
  • 50 милиони денари за домаќинства чии единствен приход е пензија.

Секое домаќинство што ќе биде одбрано ќе добие купен и вграден инвертер клима уред со моќност од 3.5 kW и енергетска класа најмалку А+, како дел од мерките за енергетска ефикасност и намалување на трошоците за енергија.

Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.

Можете да прочитате

МФ: Исплатена нова транша  кон Развојната банка од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните комании

Клима уред или субвенција за струја – услови и потребни документи за аплицирање

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните