Утрински Весник
Македонија

Министерот за здравство лично им се извинил на вработените во пералната на Клиничкиот центар

Azir aliu peralna.jpg

„Јас лично им се извинив. Таму има 11 вработени кои работат една третина од денот го трошат и условите се надвор од минимални. Ако влезете таму се враќате 50 години назад, инфраструктурно и со опрема внатре и технологија. Во моментот и да сакаме да инвестираме во таа институција нема да можеме. Вие спомнавте дека имаме јавно приватно партнерство со една приватна компанија до 2019 година, оттогаш досега компанијата инвестирала во една здравствена установа, за стерилизација, и земена е под менаџирање пералната во Клиничкиот центар“, изјави Азир Алиу, министерот за здравство.

Oд државниот санитарен инспекторат Алиу вели дека имале писмено дека фирмата не ги задоволувала минималните услови.


„Седнавме со компанијата денеска, таа денеска достави писмено барање за да може да се отстапи таа институција, односно пералната и да може со такво барање и извештај. Јас денес ја известив Владата дека понатаму со институцијата да се справуваме“, додаде Алиу.

СОЗР на Клинички со министерството за здравство ќе раководи со пералната додаде Алиу.

Поради изборите, не може да се отвораат постапки за јавни набавки, па овој проблем ќе мора да се реши по нивно завршување рече министерот за здравство. Сепак тој дополнително додаде дека проблемот ќе биде надминат, со локалните перални кои ги имаат некои од клиниките.

Можете да прочитате

Наводна порака за помош од убиената Росица од Велес до министерот Тошковски

Семјеството на Теодора Ристовска реагира: „Кога убиецот шета слободен, целата нација е жртва“

Владата бара ЗНМ прво да се консултира пред изнесува јавни квалификации