Утрински Весник
Македонија

Министерот за правда жали што се дозволило да застари предметот против Мијалков

Со укинувањето на пресудата апелациските судии потпишаа застарување на делата на Мијалков

Жалам што се дозволи да застари уште еден предмет,, Титаник 2” и тоа за ист обвинет. Ваква е реакцијата на министерот за правда Кренар Лога за случајот ,,Титаник 2″, откако денес поради неуредна покана за обвинетите и адвокатите, се одложи јавната седница за овој предмет, а следната е закажана за 13 април. Делото на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, застарува на 7 април.

dobivaj vesti na viber

,,Веднаш по стапувањето на функцијата министер за правда, испратив дописи до Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Јавното обвинителство на 14 март 2023 година, каде предупредив и побарав поефикасно и невремено преземање мерки со цел спречување на вакви и слични ситуации на застарување на судските предмети преку одложувања на судските процеси“, вели министерот Лога.

Додава дека и покрај неговата заложба да не се меша во независноста на судската власт, принуден е да реагира, да ги повика сите иснтитуции и организации итно да преземат мерки за брзи реформи.

„Ваквите случаи не му одат во прилог на развојот на општеството туку напротив,со штетата која ќе ја предизвикаат уште повеќе ќе ја поткопаат довербата на гражаните во целиот систем“, смета Лога.

Случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности двапати влезе во судница во Кривичниот суд и вторпат е во Апелација. Мијалков се гонеше за примање награда за противзаконито влијание.

Предметот го судат претседателот на Советот, Ѓоко Ристов, како и судиите Тања Милева, Лидија Зимбовска, Зоран Димитриевски.

Првата пресуда за „Титаник 2“ беше укината од Апелација во декември 2019 година. Од тогаш до јануари 2023 година предметот се судеше во Кривичниот суд. Судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани одново ги прогласија обвинетите за виновни. На повтореното судење ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на казна затвор од две години. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, исто така доби казна затвор од две години.

Пред шест дена Апелација донесе пресуда и за „Плацови на Водно“, со која Сашо Мијалков беше ослободен од затвор и доби условна казна.

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации