Утрински Весник
Македонија

Министерот за правда Кренар Лога на средба со евроамбасадорот Дејвид Гир

Министерот за правда Кренар Лога на средба со евроамбасадорот Дејвид Гир

Министерот за правда, Крена Лога, денеска оствари средба со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

dobivaj vesti na viber

Се разговараше за планираните реформи во судството, заштита на човековите права, скринингот, евроинтегративните процеси,Стратегијата за реформи во правосудството 2023-2027., изборната реформа, имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, борбата против криминалот и корупцијата.

Министерот за правда, Кренар Лога го информираше евроамбасадорот Гир за активностите кои се преземаат во насока на подобрување на условите и состојбите во затворите имајќи ги предвид препораките на Комитетот за спречување на тортура и нехуман или понижувачки третман или казнување на Советот на Европа.

Шефот на делегацијата на ЕУ посочи дека се потребни натамошни напори за отстранување на политички влијанија врз судството. Изразена е надеж за натамошна успешна реализација на реформите давајќи максимална поддршка за евроинтегративниот процес.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски