Утрински Весник
Македонија

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс во Будва

2 7.jpg

Министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.

Беше  изразена благодарност за напорите на Европската унија за континуираната поддршка во процесот на пристапување и реформите.

На средбата се разговараше за владеењето на правото, законодавната агенда и планираните реформи во правосудството кои се содржани во Развојната секторска стратегијата за правосудство ( 2024-2028).

Како особено значајна  беше посочена дигитализацијата која  треба да овозможи напредок и побрз, потранспарентен и поефикасен начин на функционирање кој значително ќе придонесе за развој на општеството

Можете да прочитате

Обид за палење на синагога во Скопје

Вчера двајца уапсени за семејно насилство

Вчера уапсени пет возачи низ Македонија