Утрински Весник
Свет

Министерот за одбрана на САД Остин повторно хоспитализиран, ги пренел должностите на својот заменик

1707723881 Unnamed File.webp.webp

Министерот за одбрана на САД Лојд Остин синоќа бил однесен во Националниот воен медицински центар по итни здравствени проблеми поврзани со бешиката, соопштија од Пентагон. Оттаму укажаа дека тој ги префрлил своите должности на неговиот заменик.

– Денеска околу 14 часот и 20 минути секретарот за одбрана Лојд Џ.Остин трети беше превезен од неговите безбедносни служби до Националниот воен медицински центар Валтер Рид да биде прегледан поради симптоми на итни проблеми со бешиката, соопшти синоќа портпаролот на Пентагон Пат Рајдер.

Тој првин извести дека Остин продолжува со своите службени должности но доцна синоќа рече дека ги пренел должностите министер за одбрана на својот заменик Кејтлин Хикс.

За ова биле информирани Белата куќа и советникот за национална одбрана. Остин во јануари беше хоспитализиран на две недели поради компликации со рак на простата. Тој се врати на работи при крајот на месецот и на прес брифинг изјави дека сè уште се закрепнува.

Неделава во Брисел има закажано средба со Контактната група за одбрана на Украина што би било прво негови патување во странство по првичната хоспитализација.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет