Утрински Весник
Македонија

Министерот Љутков на отворањето на Меѓународниот саем за туризам во Мадрид „ФИТУР 2026“ 

Ljutkov.jpg

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој ја предводи македонската делегација во работна посета во Кралството Шпанија, денеска во Мадрид присуствуваше на свеченото отвoрање на 46. издание на  Меѓународниот саем за туризам „ФИТУР 2026″. Саемот, кој ќе трае до 25 јануари, го отворија шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција. На отворањето присустваа и координаторот за туризам во Владата на РМ, Акан Махмут и македонскиот амбасадор во Кралството Шпанија, Едмонд Адеми.

На оваа највлијателна глобална туристичка платформа што ги поврзува пазарите и дестинациите, со силен фокус на одржливост, иновации и дигитализација, оваа година учествуваат над 9 500 компании од 156 земји, со 155 000 акредитирани професионалци и околу 100 000 посетители од пошироката јавност, што ја потврдува водечката улога на Саемот за глобалниот туристички сектор.

Оваа година Македонија на Саемот во Мадрид учествува со свој национален штанд, преку кој од 21 до 25 јануари се промовира земјата како автентична туристичка дестинација, со посебен акцент на културниот туризам, ено-гастро туризмот и одржливите форми на туризам.

Инаку, во текот на вчерашниот ден министерот Љутков оствари средби со Шаика Aл Нoваис, генерален секретар за туризам на ОН и со Фуад Нагхијев, директор на Државната агенција за туризам на Азербејџан. На средбите, министерот Љутков информираше за резултатите во туризмот во изминатите години, како и за плановите за оваа година.

Можете да прочитате

Коњановски: Потребно е да се подобри ефикасноста и рентабилноста на јавните претпријатија

Матичните изводи и здравствените потврди ќе се вадат онлајн

Почина бабата која беше претепана од својот внук во Битола