Утрински Весник
Македонија

Министерот Тошковски отиде во Дубаи – остварена средба со министерот за внатрешни работи на ОАЕ

Toshkovski.png

Деновиве на покана на министерот за внатрешни работи присуствувам во Обединетите Арапски Емирати, каде што учествувам на Светскиот полициски самит во Дубаи, на кој ќе имам и свое обраќање, објави на неговиот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во рамки на оваа посета, министерот Тошковски остварил билатерална средба со министерот за внатрешни работи на ОАЕ, шеик Саиф бин Зајед ал Нахјан. Тоа е нивна втора средба за кратко време, што е уште еден показател за интензивирање на односите и заемната доверба меѓу двете држави.


Разговаравме за унапредување на стратешката безбедносна соработка, особено во доменот на борбата против транснационалниот организиран криминал, тероризмот и новите безбедносни закани кои не познаваат граници. Фокусот беше ставен на операционализација на веќе потпишаниот договор за безбедносна соработка, преку формирање на заеднички оперативни тимови и размена на информации. Обединетите Арапски Емирати остануваат еден од нашите партнери во глобалната безбедносна архитектура, а оваа средба е уште еден чекор напред во тој заеднички ангажман, напиша министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на фејсбук.

Можете да прочитате

Се бара жена во Скопје – Последен пат е видена кај Железничка станица

ВМРО-ДПМНЕ ќе има министер за здравство, меѓу фаворитите Клековски и Андоновска?

Фрчкоски обвинува: Срамен притисок врз критичарите на власта