Утрински Весник
Македонија

Министерот Тошковски го отвори 23.Меморијален турнир во чест на бранителот Бобан Трпков

Toshkovski.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (15.09.2024) во Драчево го отвори 23.Меморијален турнир во чест на Бобан Трпков, македонски бранител кој загуби својот живот во конфликтот во 2001 година.

Министерот положи свежо цвеќе на бистата која се наоѓа пред истоимената месна заедница „Бобан Трпков” во населба Драчево.

„Во негова чест денес се одржува 23. Меморијален турнир во мал фудбал, во местото каде што херојот Трпков растеше и другаруваше. Нека му е вечна слава на херојот, бранителот Бобан Трпков! Да живее Македонија!”, рече министерот Тошковски.

На турнирот учество земаа припадници на МВР – Специјалната антитерористичка единица Тигар, Единицата за брзо распоредување, Интервентната полиција и СВР Скопје.

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите