Утрински Весник
Македонија

Министерот Николовски потпиша договор за соработка и обезбеденост со храна

Министерот Николовски потпиша договор за соработка и обезбеденост со храна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во рамките на самитот „Отворен Балкан“, денеска, во Белград, заедно со министрите за земјоделство на Србија и Албанија, Бранислав Недимовиќ и Фрида Крифца, потпиша договор за соработка помеѓу трите држави во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

Преку потпишувањето на овој договор се потврдува принципот на солидарност, меѓусебна соработка и поддршка што е и основната цел на Иницијативата Отворен Балкан, информираат од МЗШВ.

„Сите држави во светот, како последица на војната во Украина, се соочуваат со сериозна криза и предизвик како да обезбедат доволно храна. Овој договор ја има токму таа цел, да утврди јасен начин за непрекината трговска размена овозможувајќи стабилен и непречен проток во снабдувањето со основните земјоделско-прехранбени производи помеѓу земјите членки на Отворен Балкан“ се вели во соопштението.

Оттаму појаснуваат дека „земјите членки на Отворен Балкан преку овој договор се согласни да нема меѓусебни забрани за тргување со основни земјоделско-прехранбени производи, како и укинување на сите квантитативни ограничувања на увозот или вршење на реекспорт во трети земји за основните земјоделско-прехранбени производи кои потекнуваат од членките на Иницијативата Отворен Балкан“.

Можете да прочитате

Сообраќајот на патот Тетово – Јажинце е нормализиран

Кампања на МВР и РСБСП за безбедно возење е-тротинети

Авион и хеликоптер го гаснат пожарот кај Јажинце – граничниот премин целосно затворен