Утрински Весник
Македонија

Министерот Николовски му пиша писмо на пратеникот Љупчо Димовски да закаже седница на Комисија за да се донесат  измените на Законот за земјоделското земјиште

Pismo.png

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска упати писмо до пратеникот Љупчо Димовски кој е и претседател на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство, да закаже итна седница на Комисијата со цел да се донесат измените на Законот за земјоделско земјиште

„Изменувањето и дополнувањето на Законот за земјоделското земјиште е во насока на доуредување на постоечките законски решенија кои ја регулираат оваа материја, односно за надминување на правниот вакум што се создава во случаевите на продолжување на важењето на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост поради истек на времетрењето на договорот.

Потребата за уредување на оваа правна празнина е нагласена бидејќи во пракса за оваа група на граѓани реално постојат законски пречки, кои директно зависат од други одредби, предмет на други закони, кои директно влијаат во оневозможувањето за остварувањето на нивните права загарантирани со овој закон. Имено, согласно Изборниот законик, со денот на донесување на одлуката за распишување на избори земјоделците се соочуваат со проблем при продолжување на договорите за закуп, што негативно се одразува на земјоделското производство, но и на остварувањето на правата на финасиска поддршка од Програмата за финасиска поддршка во земјоделството.

Имајќи предвид дека Собранието на Република Северна Македонија на својата Сто четириесет и петата седница, одржана на 28 февруари 2024 година одлучи законот да се донесе по скратена постапка врз основа на член 171 став 1 од Деловникот на Собранието, повикуваме Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство како матично работно тело да закаже седница на која што ќе се расправа по предлогот на законот.

Со ова писмо Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство повторно апелира и ја потенцира неопходноста на проактивно учество на законодавната власт во овој процес, имајќи го предвид интересот на државата за земјоделството како еден од клучните сектори, неговото мултидимензионално значење и обезбедување на одржливост на руралните средини, а во насока на креирање и носење на сеопфатни, одржливи и долгорочни политики од областа на земјоделството, шумарството и водостопанство“ се наведува во писмото на Николовски.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија