Утрински Весник
Македонија

Министерот Мисајловски во Брисел на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана

20241204084038 Big 730x400 14.webp.webp

Денеска и утре (12-13 февруари) министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува  на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана. Во Брисел денеска министерот ќе учествува на состанокот на Контакт-групата за Украина, за прв пат предводена од Обединетото Кралство.

Во текот на утрешниот ден, министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ќе стане збор за широка лепеза на теми – од зацврстувањето на одбраната и одвраќањето на Алијансата и целите на способности, до инвестициите во одбраната и засилување на одбранбената индустрија.


Состаноците ќе завршат со неформален состанок на Советот НАТО – Украина, на кој освен сојузниците учество ќе земе и високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас.

Можете да прочитате

Пожар вечерва пред поликлиника во Аеродром

Локализиран пожарот на депонијата „Алинци“, се подготвуваат долгорочни решенија и засилен надзор

Директор фатен со мито од 50.000 евра – вечерва приведен во акција на МВР