Утрински Весник
Македонија

Министерот Мисајловски на отворањето на регионалниот натпревар на меѓународниот совет за воени спортови – CISM во маратон и полумаратон, Скопје 2024

8.jpeg

Во организација на Советот на воени спортови под мотото „Пријателство преку спорт”, денеска во Домот на Армијата во Скопје свечено беше отворен „Регионалниот натпревар на Меѓународниот совет за воени спортови – CISM, во маратон и полумаратон, Скопје 2024″.

На денешното свечено отворање присуствуваа министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, кои им посакаа успех на натпреварувачи на вооружените сили на Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција, Холандија и на македонската Армија и им порачаа за време на нивниот престој да уживаат во гостопримството на македонскиот народ.

Претседателот на Советот на воени спортови, потполковник Зоран Цветковски на отворањето им посака одлични резултати, нови пријателства и упати честитки до  сите оние кои дадоа поддршка за реализација на активноста и подвлече: „Верувам дека заслужено ќе ги добиеме најбрзите поединци и севкупни победници од вас, армиските припадници”.

Натпреварот во маратон и полумаратон Скопје 2024, ќе се реализира во рамки на утрешниот Виз Ер Скопскиот маратон 2024 согласно потпишаниот Меморандум за соработка со Сојузот на спортови Скопје и Виз ЕР- скопски маратон и на него ќе учествуваат 53 припадници на странски армии и 27 припадници на македонската Армија.

Меѓународниот совет за воени спортови е организација формирана на 18 февруари 1948 година, а Армијата на Република Северна Македонија e полноправна членка од 2005 година, која преку програмите на Меѓународниот совет за воени спортови, покрај забележителните резултати кои ги постигнува, дополнително придонесува за развој на меѓуармиската соработка, пријателството и мирот во регионот и во светот.

Можете да прочитате

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување

Радиолошките технолози дефицитиран медицински кадар во целиот регион

Мицкоски: Унгарскиот премиер Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ