Утрински Весник
Македонија

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата

Hoxhameti.jpg

По повод 21 Март – Светскиот ден на шумите, Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, ја информира јавноста дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот Закон за заштита на природата. Со оваа законска регулатива суштински се унапредува заштитата на природните екосистеми, со посебен акцент на зачувување на шумските предели.

Шумите претставуваат еден од најзначајните столбови на нашето природно богатство, кои покрај тоа што се дом на богат биодиверзитет, обезбедуваат чист воздух и вода и имаат клучна улога во ублажувањето на ефектите од климатските промени. Интегралната заштита и стратешкото управување со овие ресурси се од суштинско значење за одржување на природната рамнотежа и обезбедување на еколошка стабилност на државата.


Министерството упатува отворен повик до надлежните институции, стручната заедница и граѓанскиот сектор за активна вклученост во претстојниот консултативен процес. Заштитата на природата е заедничка општествена одговорност и директна инвестиција во иднината, поради што е неопходен широк придонес во креирањето на квалитетно и сеопфатно законско решение, кое ќе одговори на современите еколошки предизвици.

Можете да прочитате

Трагедија во Гостивар – 18 годишно момче починато донесено во билница

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД