Утрински Весник
Македонија

Министерот Филков не може да помилува затвореници, но смета дека е време за освежување на Комисијата за помилување

20240831165750.jpeg

Министерот за правда, Игор Филков ја информира јавноста дека неговиот ресор не помилува затвореници, туку може да даде само препорака за намалување на казната од еден до шест месеци. Потоа таа препорака оди кај претседателката на државата и Комисијата за помилување.

Филков истакна дека од Министерството има еден член во Комисијата и тој нема право на глас, односно не гласа.

-Институтот помилување е многу битна работа во државата. Не смееме да дозволиме да биде предмет на дневно-политички игри и препукувања. Еднаш веќе осудени лица треба да ги упатиме на ресоцијализација, а не можеме повторно да ги судиме во јавноста. Не можам јас да побарам поништување на одлуката за помилување. Она што јас како министер сметам дека можеби е време да дојде до одредено освежување во Комисијата, додаде министерот по одлуката за помилуваните лица.

Последните неколку дена во центарот на јавноста е претседателката Гордана Сиљановска-Давкова која помилуваше лица кои се поврзани со нарко кланови, екс-градоначалникот на Битола, како и првообвинетиот во случајот „Шпион“.

На 29-ти јули годинава, беше објавено дека Сиљановска-Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување. Како што соопштија од кабинетот на претседателката, за претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, а за нејзини членови се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева-Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.

Филков смета дека е време за освежување на Комисијата за помилување

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош