Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Министерот Алиу на Преспа форум дијалог: Технологијата и дигитализацијата нудат и испорачуваат вредности во сите аспекти од нашиот живот

Министерот Алиу на Преспа форум дијалог: Технологијата и дигитализацијата нудат и испорачуваат вредности во сите аспекти од нашиот живот
Img 7972

На вториот ден од Преспа форумот за дијалог 2023 во Струга, министерот Азир Алиу ја отвори панел дискусијата насловена како „Дигиталната трансформација поврзува: перспективи за градење партнерства во Западен Балкан“. пришто рече дека технологијата и дигитализацијата нудат и испорачуваат вредности во сите сектори, во сите аспекти од нашиот живот.

dobivaj vesti na viber

„Поради тоа, од суштинско значење е да преземеме конкретни чекори за подобрување на инфраструктурата и врските во регионот. Создавањето на заеднички дигитален пазар преку напредната технологија ја отвора вратата за низа можности во други клучни сектори како што се инфраструктурата или образованието. Го цениме започнувањето на регулаторниот дијалог помеѓу Европската Унија и Западен Балкан, фокусиран на законодавните реформи, во согласност со целите на дигиталната и зелената трансформација“, истакна министерот.

Специјален гостин на овој панел беше министерката за информатика и дигитализација, Емилија Стојменова Дух, која изјави дека успехот на дигиталната трансформација може да се постигне доколку граѓаните веруваат во дигиталната трансформација.

Министерот Алиу исто потсети дека активно се работи на основањето на дигиталната агенција која ќе служи како катализатор во нашето дигитално патување и ќе се фокусира на четири столба: сајбер безбедност, ИТ инфраструктура, софтверски решенија, академии и обуки.

„Дигиталната револуција е реалност, но истотака и процес во тек. Дигитализацијата на нашите системи, јавни услуги и инфраструктура има свои недостатоци, особено од сајбер нападите. Затоа мора да работиме напорно за преземање активности за подобрување на соработката за сајбер безбедноста во регионот преку зголемување на заштитата на критичната инфраструктура и зголемување на безбедноста на нашите дигитални системи и мрежи”, pече Алиу.

Панелистите заклучија дека дигиталната трансформација на Западен Балкан претставува предизвици и можности. Преку партнерства, можеме да ги надминеме овие предизвици и да ги искористиме можностите пред нас. Со подобрување на инфраструктурата и поврзувањето, со одговорно прифаќање на новите технологии и ангажирање на меѓународни организации и донатори, можеме да го отвориме патот за просперитетна дигитална иднина.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

Коалиција за зелена иднина: Претепувањето на советникот во Виница е удар врз достоинството и изборното право на Ромите