Утрински Весник
Македонија

Министерката Божиновска на средба со претставници на КфВ Банка

Kfw1.jpg

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со Мориц  Реме, регионален директор на канцеларијата на германската КфВ банка за Скопје и за Приштина. На средбата на која учествуваа и Јан Аксел Вос, заменик амбасадор  и Роберт Шарламанов, виш секторски специјалист во КфВ банка, во фокусот на разговорите беа реализацијата на тековните проекти во кои преку кредитни линии  партиципира  германската развојна  Банка. 

Станува збор  за  изградба фотонапонски електрани во РЕК Битола , заокружување на втората фаза од ветерниот парк во Богданци , реализација на  третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ и изградба на топловоден систем во Битола.

Божиновска  изрази задоволство од досегашната соработка со КфВ банката и ги потврди заложбите и врвните приоритети на Владата  за модернизација на постојните, и изградба нови енергетски капацитети.  Врз основа на постојниот  енергетски потенцијал  во делот на обновливи извори,  преку искористувањето на  ветерот  и  соларната енергија, земјава има можност да напредува кон зелената транзиција и зголемување на енергетската ефикасност. 

Можете да прочитате

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ни следува долг, сушен и многу топол период, опасност од шумски пожари!

Средба на Еди Рама и Али Ахмети во Скопје – „Нема поделба на европскиот пат“

(Видео) Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје