Утрински Весник
Македонија

Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина

Bozinovska.webp.webp

Енергетската безбедност, климатските промени и транзицијата кон поодржлива економија ќе бидат во фокусот на 14-от Енергетски самит (Athens Energy Summit) што денеска ќе се одржи во Атина, а на кој ќе учествува и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерката Божиновска заедно со нејзините колеги од Грција и Кипар, Теодорос Скилакакис и Јоргос Папанастасиу ќе дискутираат на панел посветен на „Енергетската голема игра: Геополитика и глобалниот пазар на енергија“.


– По повод конференцијата, министерката за енергетика, рудници и минерални суровини на Северна Македонија, Сања Божиновска и министерот за енергетика, трговија и индустрија на Кипар, Јоргос Папанастасиу, ќе бидат во Атина и на конференција ќе учествуваат со министерот за животна средина и министер за енергетика Теодорос Скилакакис и заменик-министерката за животна средина и енергетика Александра Сдуку. На форумот ќе се разговара за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со акцент на регионалната соработка, енергетските интерконекции и транзицијата кон чиста енергија, соопштија организаторите на Самитот.

Енергетскиот самит (Athens Energy Summit) се одржува по 14 пат, традиционално обединува водечки функционери и претставници на енергетската индустрија, обезбедувајќи можност за стратешки дијалог за иднината на енергијата во поширокиот регион.

Можете да прочитате

Николоски најави ослободување од визи за Велика Британија за три категории граѓани

На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

“Водовод” апелира: Не ја трошете водата за полевање бавчи и полнење базени