Утрински Весник
Економија

Минимална плата од 600 евра е реална потреба, смета Филипче

Filipce int tv 21 click pl 2.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостувањето во емисијата „Клик Плус” на ТВ21, нагласи  дека зголемувањето на минималната плата на 600 евра е реална потреба и е неопходно за да се подобри животниот стандард на граѓаните. Филипче нагласи дека граѓаните се соочуваат со сериозни економски притисоци и дека е неопходна вистинска поддршка за работниците.


„Луѓето не може да преживеат, реални потреби имаат, не може крај со крај да врзат. А што им вика премиерот јадете помалку или не одете на одмор, тоа ли е одговорна власт, тоа ли е тоа што луѓето сакаат да го видат. Се предвидува и друга криза сега со кризата во Иран, ќе се зголемат цените  на храната, што ќе прави Христијан сега, ќе вели не 1600 денари туку 1800 денари. Сега е 400 евра минимална плата ниту 3 не се доволни да се преживее месецот”, рече Филипче.

Тој додаде дека власта постојано бара изговори за да не ја покачи минималната плата на 600 евра.

„Излегува премиерот и им  кажува на работниците вашиот човек кој што ја правел синдикалната кошничка кажал дека одморот е дел, а не е дел итн. Се бараат изговори за да не се направи нешто или за да им се помогне на граѓаните, за власта е првото сценарио.Само изговори за да не им се излезе во пресрет на граѓаните”, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче посочи дека СДСМ и како власт и како опозиција постојано предлага решенија за зголемување на минималната плата кои власта упорно не ги прифаќа.

„Дадовме предлог за 600 евра да се зголеми, нека ја зголемат 10.000 деари нека ја зголемат 8.000, 6.000 денари, а не 1600 денари. Не им е доволно на луѓето па нормално веќе протестираат и нормално дека ќе ги поддржиме”, изјави Филипче.

Филипче посочи дека политиките на СДСМ за поддршка на работниците секогаш биле конзистентни, за разлика од  лицемерниот пристап на ВМРО-ДПМНЕ.

„Минималната плата пристапот кон работниците е најдобриот пример за конзистентноста на нашите политики и лицемерните политики на ВМРО-ДПМНЕ зошто. Кога тие беа во опозиција ги поддржуваа нивните иницијативи за раст на минималната плата во период кога таа континуирано растеше. Да потсетам во првите години од власта на СДСМ значи 2017-2018 до некаде пред ковид времето минималната плата се зголеми за 60% за да после и повеќе од дупло порасне. Две години има оваа власт сега, пола од мандатот е веќе поминато не мрднала минималната плата. И сега кога тие се на власт и можат да им излезат во пресрет тие тоа не го прават”, рече Филипче.

Можете да прочитате

На дел од бензинските пумпи не се точи дизел гориво

НБРМ: Финансиската стабилност е задржана – 24info.mk

Народната банка ‒ координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи