Утрински Весник
Македонија

Минчев се обрати на четвртиот модул на Регионалната школа за јавна администрација – ReSPA, со фокус на „Креирање политики во дигиталниот свет“

Img 3179.jpeg

Министерот за јавна администрација Горан Минчев се обрати на четвртиот модул на Регионалната школа за јавна администрација – ReSPA, со фокус на „Креирање политики во дигиталниот свет“

Регионалната школа за јавна администрација – ReSPA, го започна четвртиот модул од Регионалната академија за Процесот на креирање политики врз основа на докази, со фокус на „Креирање политики во дигиталниот свет“.

Со повеќе од 35 претставници на владини институции, професионалци од средно и повисоко ниво вклучени во планирањето и координацијата на политиките во јавниот сектор, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, активно зема учество и се обрати каде што ја истакна критичната улога на дигитализацијата во современото владеење.

„За дизајнирање и спроведување на политики кои одговараат на потребите на нашите граѓани, мора да го искористиме огромниот потенцијал што го нуди дигитализацијата“ – посочи министерот Минчев.

Тој ја истакна посветеноста на Република Северна Македонија за реформи во јавната администрација, осврнувајќи се на успешното спроведување на Апликацијата за следење на стратегијата за реформи во јавната администрација, развиена со поддршка на ReSPA.

Министерот Минчев, исто така, го нагласи прогресот на тековните законодавни напори на Министерството, вклучително и изготвувањето на нови административни закони за регулирање на работата на јавната администрација.

„Време е да свртиме нова страница. Реформите во јавната администрација мора да се случат. Реформите треба да бидат финален производ кој ќе содржи образование, квалитет, стручност, знаење, професионалност, етика и почитување на мерит систем. Тоа е долготраен процес, трнлив пат, сложен пат, но изводлив пат. Време е во Македонија да престанат партиските вработувања, етничките вработувања и вработувањата по роднинска линија. Време е за професионална и квалитетна јавна администрација. Време е да се вработуваат и да напредуваат тие што знаат, тие што работат, тие што заслужуваат.” – истакна Минчев.

Министерот Минчев повика на широко учество во овој реформски процес, нагласувајќи ја инклузивноста, транспарентноста и долгорочната посветеност.

„Ова е за иднината на нашите генерации, за иднината на нашата држава. Министерството за јавна администрација е подготвено да го започне овој инклузивен, транспарентен, демократски и напорен процес заедно со Вас како тим“ – заклучи тој.

Овој модул има за цел да ја подобри ефикасноста и ефективноста на креирањето политики во јавната администрација на Западен Балкан преку интегрирање на дигитални алатки во развојот на политиките.

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ